https://www.flickr.com/photos/136668338@N03/37724979396/in/photolist-ZtCo4f-22Hk2zZ-2j6RYi6-2cqSNgJ-26wXu6Y-25v93Xm-26wXtHy-26AyMba-26AyMrF-26AyMiz-GWGCKB-GWGCuX-26AyMF8-GWGCU4-25v94b7-26wXvQj-25v94Jb-2cZcCuc-2kYrKDE-2hvSh29-2n2UGWv-2n2UGTK-2n2UGQP-2n2XA4P-2n2VWjr-2n2VWhT-2n2PnwC-2n2XAwx-2n2UG8G-2n2Uiud-2n2PnpZ-2n2PnnQ-2n2UG29-2n2Png7-2n2Uihz-2n2UFRV-2n2Pn8w-2n2Pn6x-2n2Ui5a-2n2UFFp-2nv85pM-2igMq6b-2kCyfEJ-2nMsFUU-2nMt88W-K6198g-QqmTnj-2kYcpBn-2mJjurT-2mJaUgM

24.08.2023 Скопје

Српската премиерка Ана Брнабиќ, во своето онлајн учество на Самитот на Кримската платформа, изјави дека Србија „не е вредносно неутрална“ и дека целосно ги почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Брнабиќ додаде дека Србија жали за страдањата што ги претрпува Украина и нејзиниот народ.

Србија ќе продолжи да посветува посебно внимание на хуманитарната ситуација во Украина и ќе продолжи да обезбедува помош за Украина, како што беше потврдено со нашата неодамнешна одлука да донираме стоки и лекови за ублажување на хуманитарното страдање, Истакна Брнабиќ.

Подготвено од М.Н.

About Author