04.08.2023 Скопје
Златарата „Piaget“, која се наоѓа на улицата „Rue de la Paix“ во вториот арондисман на Париз, беше сцена на спeктакуларен грабеж во вторникот околу пладне. Начинот на кој е извршен овој грабеж потсетува на некои претходни извршени од членови на таканаречената група „Пинк Пантер“ која доаѓа од повеќе земји од Балканот.
Околу 13.00 часот во продавницата влегле брачен пар кој ја спречил будноста на обезбедувањето. Мажот потоа извадил пригушен пиштол и го принудил персоналот да легне на задниот дел од продавницата, додека жената внела друг маж пред да излезе. Потсетуваме дека продавниците за накит во Париз се заштитени со систем на „затворени врати“. Вратата може да се отвори само одвнатре.
При грабежот нема повредени. Сторителите на овој вооружен грабеж потоа побегнале пеш, а двајца мажи украле часовници.
Висината на штетата моментално се проценува на меѓу 10 и 15 милиони евра во случајот со препродажба на украдена стока, соопшти обвинителството во Париз. Отворена е истрага за сторителите на вооружен грабеж кои се товарат за организирање во криминална банда со цел извршување на тешко кривично дело.
Подготвено од А.Ѓ.