04.08.2023 Скопје
Доброволната противпожарна служба од градот Менгеш во централна Словенија, северно од Љубљана, ги извести родителите дека успешно се евакуирани сите 22 деца од градинката Сончек во Гобица.
Зградата на градинката е полупоплавена, поројот од вода носи трупци на сите страни, а во целиот овој хаос пожарникарите ги носат децата на раце, облечени во пижами и покриени со ќебиња.
„Поклонете се до небото, Господ да ве благослови“, напишаа граѓаните под објавата, а особено емотивен беше коментарот на еден татко.
„Ви благодарам момци, ја имате мојата длабока почит. Ова момче на фотографијата е мое, благодарам за помошта“, напишал таткото.
Подготвено од А.Ѓ.