17.08.2023 Скопје
Кандидатот на Социјалистичката партија Франсина Арменгол е избрана за претседател на Конгресот на пратениците во Шпанија.
Арменгол, која е поранешен претседател на регионот на Балеарските Острови, доби 178 гласа, два повеќе од апсолутното мнозинство.
За Арменгол гласаа и седумте пратеници на Обединети за Каталонија, а Народната партија и Вокс не постигнаа договор.
Како резултат на тоа, двете политички сили гласаа за нивните кандидати соодветно, Кука Гамара и Игнасио Гил Лазаро Гамара беа втори во гласањето со 139 гласа, додека кандидатот на Вокс беше поддржан само од 33 пратеници од неговата парламентарна група.
Подготвено од М.Н.