30.08.2023 Скопје
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека со исплатата на пензијата за месец август се враќа редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од Ковид-19.
Предвремената етапна исплата на пензиите во четири групи се вршеше за време на траењето на пандемијата во соработка со деловните банки како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, со цел да се намали метежот ред банките и можноста за загрозување на личното и јавното здравје.
Деловните банки преку Македонската Банкарска Асоцијација ја прекинуваат досегашната пракса за предвременото исплаќање на пензиите поради завршувањето на пандемијата, со тоа што пензиите ќе се исплаќаат на 1-ви во месецот директно од буџетот на Република Северна Македонија.
Подготвено од А.Ѓ.