https://flickr.com/photos/reneweuropegroup/49059841932/

09.08.2023 Скопје

Денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја изразила својата солидарност и поддршка за Словенија по разорните поплави што ја погодија земјата претходните денови.

Заедно со европскиот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб таа ги посетила погодените подрачја, а се очекува за време на посетата да разговараат за начините на кои Европската унија може најефективно да ја поддржи рехабилитацијата и реконструкцијата на областа и спроведување на превентивни мерки за да се спречи повторување на слична катастрофа.

„Многу е важно што со свои очи ги видов штетите. Беше шокантно да се види тоа што го предизвикаа поплавите и одроните. Во исто време, беше прекрасно да се види солидарноста на луѓето кои си помагаа во овие тешки моменти“, изјави Фон дер Лајен.

Таа додаде и дека ЕУ стои на страната на Словенија и земјата ќе има на располагање 400 милиони евра за санирање на штетите од поплавите, 100 милиони годинава и 300 милиони следната година.

Како што беше претходно истакнато во Брисел, на барање на Словенија, ЕУ веднаш мобилизираше помош преку механизмот за цивилна заштита.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author