01.08.2023 Скопје
Руското Министерство за вонредни ситуации во текот на вчерашниот ден соопшти дека во невремето, кое зафати 17 руски региони, животот го загубија 11 лица, а 35 се хоспитализирани.
„Министерството за вонредни состојби ја следи реакцијата по опасните и неповолни метеоролошки појави што се случија на подрачјето на 17 региони, како што се обилни врнежи и удари на ветер до 27 метри во секунда. Во болница се пренесени 35 лица.“, соопшти Министерството за вонредни состојби.
Потрагата по две лица продолжува во Чувашија откако брод се преврте на Волга.
Седум лица се спасени. Прекините на струја во неколку региони долж Волга погодија речиси 100.000 луѓе.
Подготвено од А.Ѓ.