turcija zemjotres kade i zoshto

11.08.2023 Скопје

Турските власти соопштија дека најмалку 23 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала што ја погоди јужна Турција.

Неколку згради беа оштетени во земјотресот во текот на вчерашниот ден.

Епицентарот на земјотресот бил во градот Јешиљурт во провинцијата Малатија, а бил почувствуван и во провинцијата Адијаман.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на социјалните мрежи изјави дека луѓето во Малатија и Адијаман се здобиле со повреди кога паднале или скокнале од згради за да не бидат затрупани под урнатините.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар претходно соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 11 километри. Земјотресот е почувствуван и во Сирија.

Турските провинции Малатија и Адијаман беа погодени од разорни земјотреси во февруари оваа година, во кои загинаа најмалку 50.000 луѓе во Турција и Сирија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author