https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=svedska&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=iczTLPJYC9SibM&imgdii=_nNw-KmdmrK8pM

26.08.2023 Скопје

Данската влада вчера објави дека планира да го забрани палењето на Куранот, бидејќи повеќе сквернавења на исламската света книга во земјата предизвикаа незадоволство во муслиманските земји.

Премиерот на Шведска, Улф Кристерсон, изјави дека неговата земја не планира, како Данска, да го забрани палењето на Куранот.

„Секоја земја, која е изложена на акутни закани, самата го избира свој начин да се справи со нив. Имам многу почит за тоа што Данска го прави во моментов“, изјави Кристерсон.

Палењето на Куранот во Данска и Шведска оваа година предизвика протести во некои муслимански земји, а двете земји последователно ги засилија безбедносните мерки.

Подготвено од М.Н.

About Author