18.08.2023 Скопје
Шумскиот пожар што избувна ноќта на 15 август на Монте Арафо, на шпанскиот остров Тенерифе, продолжува да се шири надвор од контрола.
Досега повеќе од 3.273 хектари се зафатени од пожарот што ги принуди властите да наредат евакуација и на општините Ел Саузал и Ла Матанца.
Пожарот е со периметар од околу 41 километар, а ги опфатиле општините Арафо, Канделарија, Санта Урсула, Ла Матанца, Ел Росарио и Ла Оротава, Ел Саузал и Такороне.
Регионалниот гувернер на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, објасни дека екипите на противпожарната бригада во текот на вчерашниот ден наишле на големи потешкотии во гаснењето на пожарот поради временските услови, а особено горештините и ветерот.
Подготвено од М.Н.