30.08.2023 Скопје
Службата за следење на климатските промени Коперник објави дека шумскиот пожар, што гори веќе 11 дена во североисточна Грција и го гаснат пожарникари од пет земји, уништи површина поголема од Њујорк.
Поради силните ветрови и високите температури, пожарот што избувна недалеку од градот Александрополис брзо се прошири во областа Еврос и минатата недела загинаа најмалку 20 луѓе.
Најсмртоносниот пожар во Европа ова лето претвори големи површини со бујно зеленило во изгорена земја и уништи бројни куќи.
C3S објави на Твитер дека пожарот уништил најмалку 808,7 квадратни километри земја, повеќе од 778,2 квадратни километри во Њујорк.
Во гаснењето на пожарот се вклучени повеќе од стотина пожарникари, меѓу кои и пожарникари од Србија, Словачка, Чешка и Албанија.
Сателитските снимки го откриваат огромниот размер на уништувањето на областа.
Панајота Марагу, раководител на одделот за заштита на природата на грчкиот огранок на Светскиот фонд за дивиот свет, рече дека најмалку 30 отсто од шумите во националниот парк Дадија-Лефкими-Суфли се уништени во пожарот.
Таа е една од „најважните области во Грција и Европа“ во однос на биолошката разновидност и живеалиште на бројни ретки птици грабливки.
Премиерот Киријакос Мицотакис одржа состанок за мерките за заштита од пожари, а заштитниците на природата со години ја обвинуваат Грција дека повеќе троши на гаснење пожари отколку на превенција.
Подготвено од А.Ѓ.