29.08.2023 Скопје
Од Министерството за образование и наука соопштија дека, сите учебници кои се одобрени, вклучително и најновите за трето одделение кои ќе се дистрибуираат утре, ќе бидат целосно доставени до училиштата на 1 септември.
„Согласно акцискиот план, целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата“, се вели во соопштението од МОН.
Оние учебници кои се во постапка, односно учебниците за шесто одделение, ќе се испорачаат во текот на септември, веднаш откако ќе ги поминат сите фази на процесот на одобрување.
Во меѓувреме, на располагање ќе бидат помошни материјали за учениците и прирачници за наставниците кои ќе бидат објавени во електронски формат на веб-страницата на Бирото за развој на образованието, соопштија од МОН.
Подготвено од М.Н.