31.08.2023 Скопје
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири потврди дека на први септември, односно утре, ќе стартува новата учебна година и истата ќе трае до 17 јуни, а за првпат ќе има и пролетен распуст.
Шаќири појасни дека годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до петти мај, практика која се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето.
„Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководставата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници“, информира Шаќири.
Подготвено од А.Ѓ.