10.08.2023 Скопје
Откако трошоците за какао на големо скокнаа на највисоко ниво и ќе останат високи најрано до крајот на 2024 година, се подготвува поскапување на млечните чоколади, чоколадите за готвење, бисквитите, бонбоните, но и на сладоледот, предупредуваат експертите.
Главните причини за зголемувањето на цените на благите продукти, е поради колапсот на производството на какао во Западна Африка, регион кој сочинува две третини од светската жетва на мешунките кои се клучна суровина за производство на чоколада.
Обилните дождови кои периодов го зафатија тој дел на светот, како и болеста што предизвикува гниење, практично ги опустошиле посевите и тоа предизвикува голема загриженост за резервите на шеќер на светско ниво.
Инаку, најголемиот светски производител на какао, Брегот на Слоновата Коска, се очекува да ја намали својата претстојна жетва за речиси една петтина во споредба со минатата година и веќе ја прекина трговијата со договори кои ги обврзуваат земјоделците да ја испорачаат стоката во одредено време.
Во Гана пак, вториот по големина производител, се очекува дека производството ќе падне под историскиот просек.
Подготвено од М.Н.