https://www.facebook.com/photo/?fbid=294081249419072&set=a.294081196085744

25.08.2023 Скопје

Млади поети од земјава и од Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора се дел од петтиот Балкански поетски камп за млади „Ванчо Николески“.

Тридневната манифестација се одржува во Охрид, Струга, Вевчани, Белчишта и во родното место на Николески – селото Црвена Вода, во атарот на Општина Дебрца.

Поетските работилници за учесниците оваа година ќе ги води проф. д-р Милутин Ѓуричковиќ, истакнат српски поет, идеен творец, основач и претседател на Институтот за детска литература во Белград, член на Европската академија на науките и уметностите.

„Учесниците ќе ја посетат и Општина Вевчани, местото на повеќевековниот уличен Карневал на маски, со разгледување на вевчанските извори и Спомен-куќата на таткото на глобализацијата, Михајло Пупин. Во Охрид ќе ги разгледаат најзначајните споменици на македонската историја и култура и ќе го посетат Музејот на холандскиот писател А. Ден Долард, каде што ќе читаат свои творби. Последниот ден во Белчишта ќе ја посетат Галеријата на дела од учесници на Ликовната колонија „Дебрца“. Во селото Црвена Вода, родното место на поетот Ванчо Николески, ќе ги посетаат родната куќа и Спомен-собата на писателот“, информираат организаторите.

Учесниците ќе можат да проследат и дел од манифестациите на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“.

Манифестацијата се одржува под покровителство на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, а со поддршка од Министерството за култура и од општините Охрид и Дебрца.

Подготвено од М.Н.

About Author