23.08.2023 Скопје
Според податоците на најголемата светска берза за криптовалути Бинанце, биткоинот вчера напладне имаше вредност од 23.967,04 евра, што претставува зголемување за 0,11 отсто во последните 24 часа.
Биткоинот се стабилизираше по големиот пад од минатата недела, кога медиумите објавија дека компанијата на милијардерот Илон Маск, Space X, ги продаде своите биткоини за 373 милиони долари во последните две години.
Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 9,99 милијарди евра, што е значително помалку од претходниот ден, а тоа укажува дека и покрај стабилизирањето сепак инвеститорите се уште се претпазливи.
Подготвено од М.Н.