11.08.2023 Скопје
Хотелите во Лас Вегас и Невада ќе бидат епицентар на координиран и намерен „црвен тим“ сајбер напад против американските системи за вештачка интелигенција, кој започнува денеска со одобрение од Белата куќа.
Офанзивата, доверена на „мала армија хакери“, ќе послужи за идентификување на слабостите и недостатоците во системите за вештачка интелигенција.
Белата куќа ја одобри операцијата во мај. „Стрес тестот“ на американските системи за вештачка интелигенција ќе трае три дена, истовремено со годишната хакерска конвенција која е закажана за викендот во Лас Вегас.
Меѓу тестираните системи ќе бидат и оние што се развиени од некои од големите компании во секторот, како што се OpenAI, Google и Meta.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден има намера да го оцени исходот од операцијата за да утврди колку вештачката интелигенција и нејзините апликации се навистина компатибилни со потребите на националната безбедност и заштитата на граѓаните на САД.
Подготвено од М.Н.