07.08.2023 Скопје
Медиумите во САД ексклузивно ја пренесуваат веста дека заеднички руско-кинески поморски сили се пресретнати во близина на брегот на Алјаска.
Според информациите, единаесет руски и кинески бродови биле приближени до Алеутските острови.
Бродовите не биле навлезени во територијалните води на САД но била преземена акција за нивно следење во таа област од четири американски разурнувачи и авиони P-8 Poseidon.
„Воздушните и поморските средства под наша команда спроведоа операции за обезбедување на одбраната на Соединетите Држави и Канада. Флотата остана во меѓународните води и не се сметаше за закана“, се вели во соопштението на американската Северна команда.
Подготвено од М.Н.