29.08.2023 Скопје
Американскиот Стејт департмент реагираше со нота на обвинението на руските правосудни власти на Роберт Робертович Шоноу, вработен во американскиот конзулат во Владивосток, уапсен во мај минатата година под обвинение дека бил шпион на Вашингтон и дека пренесувал информации за конфликтот во Украина до американските дипломати.
Во соопштението, Стејт департментот го коментира и наводното повикување на двајца американски дипломатски претставници во Русија на сослушување од страна на Федералната служба за безбедност (ФСБ) на таа земја.
„Остро протестираме против обидите на руските безбедносни служби да ги заплашуваме и малтретираме нашите вработени. Русија е обврзана со Виенската конвенција за дипломатски односи да ги третира дипломатските службеници со должна почит и да ги преземе сите соодветни мерки за да спречи напади врз нивната личност, слобода или достоинство и очекуваме исполнување на овие обврски“, соопшти Стејт департментот.
Подготвено од М.Н.