ukraina nova voena pomos sad

15.08.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави најавија нов пакет воена помош за Украина во вредност од 200 милиони долари.

Пакетот вклучува муниција за противвоздушна одбрана, артилериски гранати и дополнителна опрема за деминирање, соопшти Стејт департментот.

Секојдневно Русија ја уништува цивилната инфраструктура на Украина, а исто така го вооружува гладот ​​и придонесува за глобалната несигурност на храна преку уништување на цивилните пристаништа и инфраструктурата за жито во Украина.

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници, ќе стојат покрај Украина онолку долго колку што е потребно, стои во соопштението од Стејт департментот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати порака со благодарност до САД и претседателот Џо Бајден, американскиот Конгрес и американскиот народ за новиот пакет воена помош од 200 милиони долари.

„Ракетите за противвоздушна одбрана, артилериската муниција, системите за деминирање и противтенковското оружје ќе го зголемат капацитетот на нашите одбранбени сили“, напиша Зеленски на X (поранешен Твитер).

Според Зеленски, новата помош од Вашингтон е „уште еден чекор кон заедничка победа“.

Подготвено од М.Н.

About Author