24.08.2023 Скопје
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден одобри продажба на системи за оружје на Тајван во вкупна вредност од 500 милиони долари, што сигнализира дополнително зголемување на воената поддршка за островот и покрај приговорите на Кина.
Според американското Министерство за одбрана, продажбата ќе вклучува инфрацрвени системи за таргетирање и други системи за ловци-бомбардери Ф-16.
Одлуката на Вашингтон се совпаѓа со најавата на Тајван за дополнителни 2,97 милијарди долари набавка на оружје следната година.
Околу половина од дополнителните средства ќе бидат наменети за набавка на борбени авиони, а останатите средства главно ќе бидат наменети за поморските системи.
Тајванската претседателка Цаи Инг-вен го обнови своето ветување дека ќе ги зајакне одбранбените способности на островот за време на посетата на воениот споменик во Кинмен, каде што кинеските комунистички и националистички сили за последен пат се бореа пред 65 години.
Подготвено од М.Н.