veshtachka inteligencija

01.08.2023 Скопје

Соединетите Американски Држави (САД) би можеле да ја загубат стратешката предност во развојот на иновациите во областа на вештачката интелигенција доколку таа не се примени доволно брзо во пракса, посочуваат некои експерти и извршни директори.

Во моментов, САД ја предводат светската трка во развојот на иновации во областа на вештачката интелигенција. Меѓутоа, ако таа земја е премногу бавна за да ги интегрира новите технологии во својата економија, Кина би можела поефикасно да ја користи вештачката интелигенција.

Низ Кина, вештачката интелигенција се усвојува побрзо отколку во САД во многу сектори, поради повисоките нивоа на доверба и субвенции од тамошната влада.

Извршната директорка на Форумот за безбедност во Аспен, Ања Мануел, изјави дека е изненадена од тоа колку се енергични кинеските претприемачи кои се занимаваат со вештачка интелигенција. Според неа, нивната влада им поставила јасни цели.

Претседателот на Мајкрософт, Бред Смит на „Аспен безбедносен форум“ изјави дека сите се фокусирани на конкуренцијата во која земја ќе се развие посилна вештачка интелигенција.

„Она што ни недостасува е трка меѓу луѓето да ја користат и применат вештачката интелигенција за да ги поместат границите на конкурентноста како нација“, рече тој.

Според него, никој во САД никогаш не треба да ја потценува брзината со која кинеската економија, вклучително и приватниот сектор, па дури и државните претпријатија, ги прифаќаат новите технологии.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author