sad ukraina voena pomos

29.08.2023 Скопје

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и европските сојузници на Вашингтон подготвуваат планови за обезбедување долгорочна воена помош за Украина во обид да се спречи руската воена победа на терен и да го убедат Кремљ дека поддршката на западните земји за Киев нема да пропадне.

Оваа информација ја соопштија неционалните медиуми, според кој иницијативата се заснова на обврските преземени на самитот на лидерите на Г7 чиј домаќин беше Јапонија во мај, а на земјите од НАТО во Литванија минатиот месец.

Во моментов дискусиите за долгорочна воена поддршка се предмет на билатерални преговори со Украина од страна на САД и Обединетото Кралство.

Веќе 18 земји кои не се членки на Г-7, вклучувајќи ги Шведска и Холандија, се приклучија на ветувањето на групата за поддршка на Украина на долг рок.

Во блиска иднина, целта на Белата куќа би била да ја одврати Русија од продолжување на конфликтот.

Поради оваа причина Вашингтон и неговите сојузници наводно ги проучуваат мерките насочени кон „заклучување“ на обврските за спречување на следните западни влади да ги игнорираат, особено во поглед на можното враќање во Белата куќа на Доналд Трамп.

Подготвено од М.Н.

About Author