livia sad on

23.08.2023 Скопје

Обединета влада е отворена да ја води Либија до избори, изјави специјалниот претставник на генералниот секретар и шеф на мисијата за поддршка на Обединетите нации во Либија (Унсмил), Абдулаје Батили, на брифинг во Советот за безбедност.

Ова е првпат сенегалскиот политичар од ОН експлицитно да зборува за поставување нова извршна власт на местото на сегашната Влада на национално единство (GUN) и тоа е студен туш за привремениот премиер на власт во Триполи, Абдулхамид Дабијаба.

„Граѓаните сакаат обединети политички, воени, безбедносни, економски и социјални институции за да го заштитат територијалниот интегритет и националниот идентитет на земјата“, истакна претставникот на ОН, осудувајќи ги вооружените судири меѓу ривалските милиции во Триполи.

Овие случувања го нагласуваат отсуството на команда и контрола врз фрагментираниот безбедносен апарат во западна Либија и несигурната состојба на безбедносната ситуација.

Судирите ги поткопуваат тековните напори за негување безбедносно опкружување погодно за изборите и ја нагласува итноста за воспоставување легитимни власти и обединети воени и безбедносни институции во земјата, додаде Батили.

Подготвено од М.Н.

About Author