11.08.2023 Скопје
САД ги поддржуваат напорите на Економската заедница на западноафриканските држави (CEDAO) по државниот удар во Нигер, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен.
„CEDAO, е организација која ги обединува земјите од Западна Африка, игра водечка улога во разјаснувањето на императивот за враќање на уставниот поредок, и ние силно го поддржуваме“, истакна Блинкен за време на прес-конференција со неговата мексиканска колешка Алиша Барсена Ибара, додавајќи дека САД имаат „длабока загриженост“ за безбедноста и благосостојбата на соборениот претседател на Нигер Мохамед Базум и неговото семејство.
Одделно, во писмена изјава, Блинкен истакна дека Соединетите Американски Држави се приклучуваат на ECOWAS во барањето за обновување на уставниот поредок во Нигер.
Лидерите на CEDAO, кои се состанаа во Абуџа на вонреден самит, наредија активирање на силите за брзо распоредување со цел да се „врати уставниот поредок“ во Нигер по државниот удар на 26 јули.
Оттогаш, Базум наводно е заложник во претседателската палата во главниот град Ниамеј и според извори цитирани од американските медиуми, пучистите му се заканиле дека ќе го убијат во случај на воена интервенција на CEDAO.
Подготвено од М.Н.