30.08.2023 Скопје
САД ќе обезбедат дополнителен пакет воена помош за Украина во вредност од 250 милиони долари, соопшти американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Помошта ќе вклучува проектили за системи за противвоздушна одбрана, артилериски гранати, муниција за мало вооружување, противтенковски ракети и ракети „Јавелин“ за системите Химарс, како и средства за чистење мини.
САД, исто така, ќе обезбедат амбулантни возила, резервни делови, услуги, обука и транспорт, истакна Блинкен, додавајќи дека Русија ја започна оваа војна и конфликтот може да заврши во секој момент ако Москва ги повлече своите војници од Украина и стави крај на бруталните напади.
Подготвено од М.Н.