la luna srusena na mesecinata

21.08.2023 Скопје

Руската сонда Луна-25 се судрила со површината на Месечината и била уништена, соопшти прес-службата на Роскосмос, руската вселенска агенција.

„Според резултатите од прелиминарната анализа, поради отстапување на вистинските параметри од пресметаните, леталото Луна-25 заврши во непланирана орбита и беше уништено како резултат на судир со површината на Месечината“, стои во соопштението.

„За време на операцијата, на сондата се појави вонредна ситуација која не дозволи маневрот да се изврши со наведените параметри“, изјави руската вселенска агенција.

Првата руска лунарна сонда лансирана од 1976 година, Луна-25, влезе во орбитата на Месечината во средата по полетувањето ноќта меѓу 10 и 11 август.

Слетувањето на сондата на Месечината беше закажано за понеделник северно од кратерот Богусславски, на висина на јужниот пол на Земјиниот сателит.

Подготвено од М.Н.

About Author