24.08.2023 Скопје
Руските полициски сили контактираат со роднините на борците на паравоената група Вагнер за да ги испрашаат за можен бунт по смртта на водачите на групата Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин.
Оваа информација ја соопштија руските медиуми која ја добиле од близок роднина на член на групата Вагнер.
„Некои добија телефонски повик, други домашни посети од полицијата“, истакнал анонимниот извор.
Претставниците на Министерството за внатрешни работи се уште се во контакт со роднините по маршот во Москва на крајот на јуни, дури и во тој случај, агенциите за спроведување на законот контактираа со членовите на семејството за да го проценат потенцијалниот развој на настаните опасни за националната безбедност.
Подготвено од М.Н.