romanija mornarica

09.08.2023 Скопје

Романското Министерство за одбрана најави откажување на договорот за купување на четири воени бродови од француската компанија Навал груп.

Одлуката беше мотивирана од доцнењето на Навал Груп и неговиот романски партнер Сантиерул Навал Констанца во почитувањето на крајниот рок за потпишување на договорот.

Навал груп во 2019 година, во соработка со Сантиерул Навал Констанца, го доби договорот од 1,2 милијарди евра за изградба на четири корвети Gowind за романската морнарица и за модернизација на две други фрегати.

Потпишувањето на договорот прво го кочеа правните спорови, а потоа и неуспехот да се договорат двете компании за зголемување на трошоците.

Откажувањето на договорот со Навал Груп ќе доведе до рестартирање од почетокот на тендерот на кој покрај Навал Груп ќе учествуваат и холандските Дамен и Финкантиери.

Морнарицата се смета за најмалку модернизирана вооружена сила во воениот сектор на Романија. Оваа година владата во Букурешт ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП, мерка која ги исполнува параметрите потребни како земја-членка на НАТО, но која исто така претставува одговор на руската инвазија на Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author