15.08.2023 Скопје
Роберто Манчини би можел да стане иден селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија, по неговата оставка како селектор на Италија.
Информацојата ја објави саудискиот спортски весник „Аријадијах“, повикувајќи се на анонимни извори, според кои Манчини би можел да го пополни слободното место на поранешниот француски селектор Ерве Ренар.
Доколку веста се потврди, Манчини би станал 49. селектор на саудиската репрезентација, 19. Европеец и прв Италијанец.
Следниот селектор на репрезентацијата на Саудиска Арабија ќе биде зафатен со азиските квалификации за СП 2026, почнувајќи од ноември, во кои Саудиска Арабија ќе ги одмери силите со Јордан, Таџикистан и Камбоџа или Пакистан.
Подготвено од М.Н.