18.08.2023 Скопје
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација се пласираше на историското деветто место на Светското првенство кое летово се одржа во Хрватска.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ), по тој повод одлучи парично да ги награди кадетите предводени од селекторот Раде Стојановиќ.
Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија одреди парична награда во вкупна вредност од 1 милион денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади).
На кадетскиот Мундијал нашите ракометни надежи остварија учинок од пет победи над Црна Гора, Грузија, Австрија, Унгарија и Чешка, и два порази од Норвешка и Данска.
Подготвено од М.Н.