26.08.2023 Скопје
Украинската воена разузнавачка агенција гур соопшти дека, Украина со беспилотно летало погодила руска воена база на Крим.
Руските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана собориле украински беспилотни летала кои биле испратени за напади на полуостровот, но украинските разузнавачи веруваат дека биле погодени цели, особено руска бригада со седиште во Перевалноје.
„Потврдуваме дека имало напад“, истакна портпаролот на ГУР, Андриј Јусов, во изјава пренесена од украинските медиуми.
Жителите на Перевалноје исто така на социјалните мрежи напишаа дека слушнале експлозии од воената база, а во објавите имаше напишано дека има и жртви.
Подготвено од М.Н.