14.08.2023 Скопје
Најновите податоци објавени од националното статистичко биро ИНСЕЕ покажуваат дека цените на храната и пијалоците во супермаркетите во Франција во јули се зголемени за 13,1 отсто на годишно ниво.
Месото и пијалоците поскапеле за 11,3 отсто и 10,1 отсто, а останатите прехранбени производи поскапеле и до 15 отсто. Во меѓувреме, трошоците за чистење и производи за лична нега се зголемија за 9,4 отсто.
Годишната стапка на инфлација во Франција минатиот месец изнесуваше 4,3 отсто, што е нешто помалку од јуни. Се наведува дека инфлацијата е намалена поради падот на цените на енергенсите и поумерениот раст на цените на храната и индустриските производи.
Минатиот месец, француската влада му испрати на парламентот план за трошење за 2024 година кој предвидува намалување на трошоците за 4,2 милијарди евра, прво намалување во речиси една деценија.
Париз планира да потроши 428,8 милијарди евра во 2024 година бидејќи целта е буџетски дефицит од 4,4 отсто од бруто домашниот производ (БДП) за 2024 година.
Целта е да се спушти под три проценти до крајот на вториот мандат на претседателот Емануел Макрон во 2027 година, што е граница утврдена од ЕУ.
Намалувањето на трошоците доаѓа со итна потреба за намалување на државниот долг кој достигна 111,6 отсто од националниот БДП. Се очекува дека мерките за штедење ќе обезбедат намалување на јавниот долг на 108,3 отсто до 2027 година.
Подготвено од А.Ѓ.