sad amerika

03.08.2023 Скопје

Пронајден е сомнителен кинески малициозен софтвер скриен во различни американски воени системи, особено е загрижувачки што неговата цел е да попречува, а не да следи.

Американските власти пронајдоа сомнителен кинески малициозен софтвер во неколку воени системи и, за разлика од претходните инциденти од овој тип, експертите велат дека е поверојатно да се користи за заглавување наместо за надзор.

Нападите првпат го привлекоа вниманието на јавноста во мај, откако Мајкрософт идентификуваше злонамерен код во телекомуникацискиот софтвер на островот Гуам, каде што се наоѓа воздухопловната база Андерсен.

Американските власти изјавија дека истрагите за кинескиот малициозен софтвер се во тек веќе неколку месеци и дека злонамерниот код се инфилтрирал во американските воени системи низ земјата и во странство.

Претходните сајбер напади обично имаа за цел да ги следат операциите на САД.

Џорџ Барнс, заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, на самитот за разузнавање и национална безбедност изјави дека Кина е „непопустлива и решена да навлезе во нашите влади, нашите компании, нашата критична инфраструктура“.

Сега експертите велат дека овој нов тип на малициозен софтвер има способност да ги попречи американските воени и цивилни операции.

Минатиот месец, Роб Џојс, директор за сајбер безбедност во НСА, ја нарече природата на малициозниот софтвер „навистина вознемирувачка“.

Кодот би можел да и дозволи на Кина да ги прекине електричната енергија, водата и комуникациите со воените бази, а може да влијае и на приватните домови и бизниси низ целата земја.

Експертите рекоа дека е нејасно дали кинеската влада знаела за малициозниот софтвер или колку добро софтверот навистина ќе работи.

Ентони Блинкен, американскиот државен секретар, го покрена прашањето за хакирање од Кина за време на состанокот со кинеските дипломати претходно во јули.

„Постојано ставаме до знаење дека секоја акција што е насочена кон американската влада, американските компании, американските граѓани е длабоко вознемирувачка за нас и дека ќе преземеме соодветни мерки за да ги повикаме сторителите на одговорност“, рече Блинкен.

Портпаролот на Советот за национална безбедност Адам Хоџ одговори: „Администрацијата на Џо Бајден работи неуморно за да ги одбрани Соединетите држави од какво било нарушување на нашите критични инфраструктура“.

Во средината на јули, хакерите со седиште во Кина добија пристап до сметките за е-пошта на околу 25 организации, вклучително и американски владини агенции.

Цел на хакерски напади беа Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави, како и Стејт департментот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author