kina sad namalen brojot na naucni studii

25.08.2023 Скопје

Бројот на научно-истражувачки студии напишани заеднички од американски и кинески истражувачи се намали во 2021 година, за прв пат по 28 години.

Падот е уште еден знак за прогресивното „раздвојување“ меѓу двете големи светски сили, соопштија аналитичарите.

Заедничките научни трудови на американските и кинеските истражувачи изнесуваа вкупно 51.630 во 2021 година, што е пад од 5 отсто на годишно ниво и првиот пад забележан, според податоците на јапонското Министерство за образование, култура, наука и технологија од 1993 година.

Пандемијата „Ковид-19“ го забави глобалното научно производство, но научните написи обично се резултат на долгогодишна работа и поради оваа причина бројката за 2021 година не треба да биде значително засегната од овој фактор.

Аналитичарите нагласуваат дека падот е во „контраст“ со општиот глобален тренд во 2021 година, всушност, глобалниот вкупен број на истражувачки статии напишани заеднички од научници од повеќе земји се зголеми за 7 отсто, на 577.166.

Подготвено од М.Н.

About Author