30.08.2023 Скопје
Најголем пад на рангирањето на најбараните занимања во Хрватска доживеале програмерите, додека на листата на најбарани занимања се продавачи, возачи, келнери и готвачи.
Најбарани занимања се продавачи, работник во магацин, возач, келнер, готвач и сметководител, кои заедно генерирале зголемување од 1,7 отсто на бројот на огласи на порталот за вработување МојПосао.
Најголем пад во рангирањето на најбарани професии има кај програмерите, од 13-то на 24-то место, а најголем пораст има кај лекарите, кои од 25-то место една година претходно скокнале на 12-то најбарано занимање во јули 2023 година.
Според месечниот индекс (OVI) на онлајн огласи на објавени работни места создаден во соработка со Економскиот институт во Загреб и порталот MojPosao, индексот за јули паднал за еден процент во однос на претходниот месец.
Подготвено од А.Ѓ.