25.08.2023 Скопје
Непосредно пред авионската несреќа на 23 август во областа Твер во Русија, лидерот на руската паравоена група Евгениј Пригожин се сретнал со претседателот на Централноафриканската Република, Фаустин-Арчанџ Туадера, соопшти анонимен извор, според кој авионот на Пригожин слетал во Банги, главниот град на Централноафриканската Република, на 18 август.
За време на средбата со претседателот Туадера, Пригожин изјавил дека неуспехот на вооружениот бунт што се случи во Русија меѓу 23 и 24 јуни немаше да ја попречи работата на паравоената група во африканската земја.
Пригожин ветил и дека ќе го зајакне присуството на Вагнер во Централноафриканската Република за да ја гарантира безбедноста на властите и да „промовира нови инвестиции во земјоделскиот сектор“.
Следниот ден, Пригожин се состанал со претставниците на Суданските сили за брза поддршка (РСФ), воена група предводена од генералот Мохамед Хамден „Хемети“ Дагало, која се бори против вооружените сили за контрола на земјата од 15-ти април.
Според анонимниот извор групата Вагнер, им помогнала на РСФ да постигне серија победи против суданската армија, вклучително и заземање на едно од воените претпријатија и базата во Картум.
Како благосарност, тврди изворот, претставниците на РСФ му предале злато на Пригожин.
Подготвено од М.Н.