mvr pretres kumanovo

14.08.2023 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје и Отсекот за општ криминалитет при СВР Куманово го лишиле од слобода А.Љ.(27) од Куманово.

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени марихуана, таблети, амфетамин, дробилка, дигитална вага и поголема сума на пари во различни валути и апоени, соопштија од МВР.

Во соопштението на МВР исто така, наведено е дека извршен е преглед и на неговото возило „мерцедес“ и во автомобилот биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.

А.Љ. веднаш е приведен во полициска станица во Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author