21.08.2023 Скопје

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски објави јавен повик за признанието „Успешни млади” за 2022 година.

Повикот е отворен денес, а ќе трае до 01 октомври 2023 година.

Признанието е поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите, за резултати постигнати во текот на 2022 година, во следните осум категории:

1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;
2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки;
5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2022 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.

Пријавувањето е достапно на веб-страницата на Претседателот на Република Северна Македонија на:

македонски јазик: http://bitly.ws/SeWZ
албански јазик: http://bitly.ws/SeXr
англиски јазик: http://bitly.ws/SeXF

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *