pendarovski poseta praga mediumi

30.08.2023 Скопје

Во рамки на Официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го посети седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, соопштија од претседателскиот кабинет.

Во таа прилика, претседателот Пендаровски ги посети редакциите за Балкан, Русија и Украина и изрази поддршка за нивната работа.

Во исто време, претседателот Пендаровски се сретна и разговараше со в.д. претседателот на РСЕ, Џефри Гедмин, како и со претставници на медиумот од различни региони и држави во светот, каде што Радио Слободна Европа емитува вести и информации, соопштија од кабинетот на претседателот.

На средбата претседателот Пендаровски со новинарите разговараа за состојбата со слободата на говор, за условите за работа на новинарите и за перспективите на новинарството како професија.

Претседателот Пендаровски истакна дека медиумите треба и мора да продолжат да бидат гласни критичари и да бараат одговорност од носителите на одлуки, кога тоа е неопходно, бидејќи само така ќе придонесуваат кон поголема слобода на медиумите од една, и зголемување на транспарентноста на институциите од друга страна, стои во соопштението.

Подготвено од М.Н.

About Author