https://www.facebook.com/photo/?fbid=796655639130520&set=pcb.796658415796909

22.08.2023 Скопје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и изрази благодарност за политичката и воената поддршка на Владата во Скопје.

Како што објави Зеленски на Телеграм, и Република Северна Македонија подготвува „нов пакет воена помош“ за одбрана на Украина од агресорот.

„Ова јасно го манифестираме како на билатерална основа, така и како членка на НАТО, како и со приклучувањето кон Декларацијата на земјите од Г7 за безбедносни гаранции за Украина“, соопшти премиерот Ковачевски.

Подготвено од М.Н.

About Author