https://www.facebook.com/photo.php?fbid=720990509396005&set=pb.100044551864456.-2207520000.&type=3

03.08.2023 Скопје

Турција подготвува серија конкретни предлози пред посетата на рускиот претседател за продолжување на „договорот за пченицата“ преку Црното Море, соопштија од администрацијата на турскиот претседател.

Вчера беше соопштено дека за време на телефонскиот разговор меѓу турскиот и рускиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин е договорена посета во Анкара, но точен датум не беше наведен.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека двајцата претседатели се договориле што е можно поскоро точно да го одредат местото и датумот на нивната средба.

Според Песков, Турција можеби нема да биде место за можна средба на двајцата лидери.

Русија на 17 јули ја објави својата намера да не го продолжи договорот за коридорите за жито преку Црното Море со посредство на Турција и Обединетите нации, кој гарантираше безбеден премин на украинските бродови натоварени со жито.

Руските власти ја оправдаа ваквата одлука со објаснување дека не се почитува делот од договорот кој се однесува на Русија за извозот на жито и ѓубрива.

Подготвено од М.Н.

About Author