08.08.2023 Скопје
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса ќе биде домаќин на својот кинески колега Си Џинпинг, кој на крајот на август ќе престојува во државна посета на Јужна Африка.
Двајцата, според соопштението на јужноафриканското претседателство, ќе се сретнат во главниот град Преторија на 22 август, ден пред официјалното отворање на самитот на БРИКС во Јоханесбург и ќе одржат формални разговори со цел зајакнување на билатералните врски, како и потпишување збир на меморандуми за разбирање.
За претседателот на Кина ова ќе биде втора посета во странство оваа година, по онаа што ја имаше во Русија минатиот март.
На самитот БРИКС, кој ќе се одржи во Јоханесбург од 23 до 25 август, ќе присуствуваат и бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и индискиот премиер Нарендра Моди, додека рускиот претседател се очекува да се вклучи онлајн, а ќе биде претставен во Јоханесбург од неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Подготвено од М.Н.