18.08.2023 Скопје
Претседателот на Кина, Си Џинпинг, следната недела ќе замине во посета на Јужна Африка, а ќе присуствува и на тамошниот самит БРИКС, соопштија јужноафриканските власти.
Патувањето на кинескиот претседател ќе биде негово второ меѓународно патување оваа година, по официјалната посета на Русија во март.
Тоа доаѓа во време кога лидерите на државите од БРИКС треба да се состанат следната недела, а дел од агендата е можното идно проширување на членството на групата.
Голем број африкански земји, вклучувајќи ги Алжир, Египет и Етиопија, претходно изразија желба да се приклучат на блокот.
Самитот претходно беше заматен од прашања за тоа дали рускиот претседател лично ќе присуствува, но подоцна беше потврдено од претседателството на Јужна Африка дека тој нема да биде дел од самитот.
Ако Путин ја напуштил руската територија, тој би бил предмет на налог за апсење на Меѓународниот кривичен суд (МКС) поради војната во Украина а Јужна Африка е потписник на МКС и затоа е обврзана да помогне во неговото апсење.
Подготвено од М.Н.