https://www.flickr.com/photos/nato/27300313881

29.08.2023 Скопје

Полскиот претседател Анджеј Дуда потпиша амандман на здравствената легислатива со која низа лекови ќе бидат достапни бесплатно за малолетници и постари лица над 65 години.

Списоците со бесплатни лекови, едниот за малолетници, а другиот за стари лица, ќе ги објави Министерството за здравство.

Прогласувањето на законот го поддржува ветувањето што го даде претседателот на партијата Право и правда (Пис), Јарослав Качински, во мај.

Во меѓувреме, бројот на починати лица од бактеријата Legionella pneumophila во Жешов, југоисточна Полска, се искачи на 14, додека пак, бројот на заразени е вкупно 159, соопшти градскиот здравствен инспекторат (Санепид).

Од вкупниот број на регистрирани, дури 103 од заразените се жители на главниот град на Субкарпатија.

Подготвено од М.Н.

About Author