30.08.2023 Скопје
Постојат различни навики кај луѓето. Некои сакаат да пијат топла вода и кафе прво наутро, други да запалат цигара, додека некои не можат да замислат да го започнат денот без појадок, што е најздраво.
Сепак, има многу кои го прескокнуваат појадокот, а причините за тоа се многубројни. Некои не се многу гладни наутро, што е вообичаен резултат на обилен оброк навечер, други мислат дека со оглед на тоа што не се гладни, прескокнувањето на појадокот ќе им помогне да ослабат.
Исто така, има и такви кои не пристигнуваат за да појадуваат на време, бидејќи секогаш им се брза. Прескокнувајќи го појадокот тие всушност мислат дека добиле малку време, но за жал реалноста е обично поинаква.
Имено, истражувањата покажале дека прескокнувањето на појадокот го скратува животниот век.
Докторите Недра Белок и Лестер Бреслоу беа меѓу првите истражувачи кои открија кои седум фактори на животниот стил влијаат на животниот век на луѓето. Во нивната класична студија на приближно 7.000 луѓе кои живеат во округот Аламеда, Калифорнија, тие ги открија овие седум фактори кои го продолжуваат животот.
Меѓу факторите кои влијаат на долговечноста бил редовниот појадок.
Подготвено од А.Ѓ.