depresija devojche

01.08.2023 Скопје

Терминот „депресија“ стана дел од секојдневниот речник – сите зборуваме за депресија, сите знаеме некој што се лекува од депресија и имаме некој за кој претпоставуваме дека е депресивен и кој не сака да побара помош.

И сите имаме депресивни епизоди, моменти и периоди кога се чувствуваме депресивни и сме свесни за тоа. Сепак, постојат некои други знаци на депресија кои може да бидат погрешно сфатени и погрешно разбрани и да одат „под радар“.

Гнев и бес

Ова се силни и агресивни чувства, кои можат да ја маскираат депресијата. Некои луѓе не знаат да обработат или да изразат страв, безнадежност, беспомошност, тага, но гневот им е познат и преку него ги канализираат сите овие чувства. Сепак, тоа е погрешно насочено канализирање, кое ги спречува да ги реализираат сопствените чувства, а истовремено ги спречува другите да ги гледаат како ранливи, слаби, недостојни.

Вина

Прекумерната вина е еден од помалку познатите знаци на депресија, а просечниот човек генерално не сфаќа дека вината што ја чувствува може да биде знак за нешто подлабоко и потешко.

Чувството на вина е многу познато и присутно во помала или поголема мера, кај сите – секој со разумно ниво на емпатија и самосвест често ќе се соочи со чувства на вина. Но, прекумерната вина која е присутна долго време, поради ситни, па дури и имагинарни работи, може да сигнализира сериозен проблем.

Прекумерна глад

Емоциите можат да се трансформираат во физички сензации – скоро сите знаеме глад „на нервна основа“, или емоционално прејадување, со кое се трудиме да ги пополниме празнините во себе, местата каде ни недостасува нешто суштинско. Траумата и тагата можат да го остават она што изгледа како дупка што треба да се пополни. Кога животот е празен и ништо не не заситува, храната е секогаш при рака и секогаш (краткорочно) утешува.

Физичка болка

Скриени знаци на депресија може да бидат и физички болки, како што се главоболки и мигрена, болки во зглобовите и мускулите, болки во градите, па дури и дигестивни проблеми.

Сите луѓе кои имаат хронична или акутна болка не страдаат од депресија, иако постојаното присуство на болка може да доведе до депресивни чувства, како што не сите депресивни луѓе доживуваат физичка болка. Но, болката без јасна причина, заедно со други симптоми во подолг временски период, може да укажуваат на депресија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author