30.08.2023 Скопје
Шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз обезбеди пласман во второто коло на грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк, САД.
Актуелниот шампион на „УС Опен“ го доби првиот сет против Доминик Кепфер, со 6:2, 3:2, а потоа кон средината на вториот, Германецот го предаде мечот поради повреда.
Алкараз во следната рунда ќе игра против Лојд Херис од Јужна Африка.
Во второто коло се пласираше и Италијанецот Јаник Синер, кој беше убедлив против Германецот Јаник Ханфман со 6:3, 6:1, 6:1.
Синер во второто коло ќе игра против Лоренцо Сонего.
Стен Вавринка исто така се пласираше во второто коло на „УС Опен“ за првпат по четири години. Швајцарецот беше подобар од јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока со резултат 7:6, 6:2, 6:2.
Во женска конкуренција победа на стартот забележа и Арина Сабаленка. Втората тенисерка во светот славеше против Марина Заневска од Белгија со 6:3, 6:2.
Подготвено од М.Н.