https://www.facebook.com/photo.php?fbid=605891045064197&set=pb.100069299196115.-2207520000.&type=3

22.08.2023 Скопје

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информираше дека и втор хеликоптер на МВР ќе се вклучи во гаснење на пожарот на планината Јакупица.

„Пожарникарите се уште не можат да го стават под контрола пожарот што синоќа избувна над селото Горно Врановци“, соопшти Ангелов.

Од ЦУК информираа дека се работи за пожар на поголема надморска височина – над 1.200 метри – и поради тоа не може да се стави сеуште под контрола.

Ангелов денеска беше дел од хеликоптерско извидување на пожарот на планината Јакупица на просторот меѓу Чашка и Богомила, соопштија од ЦУК.

Подготвено од М.Н.

About Author