25.08.2023 Скопје
Се очекува Велика Британија да потврди дека уште еднаш ќе го одложи воведувањето на граничните контроли по Брегзит за храната и свежите производи што доаѓаат од Европската унија, соопштија британските медиуми.
Инфлацијата во Обединетото Кралство, која моментално изнесува 6,8 отсто, што е пад од 7,9 отсто во јуни, е највисока меѓу Г7 со месеци и покрај тоа што Банката на Англија ја зголеми основната каматна стапка повеќе од десет пати по ред за да се обиде да ја ограничи инфлацијата.
Водечката опозициска Лабуристичка партија ја обвини владата дека создава „огромна несигурност“ за бизнисите со постојано одложување на граничнте контроли.
Од опозициската партија велат дека Брегзит постави бариери во трговијата со најголемиот британски прекуокеански пазар за стоки и услуги, зголемувајќи ги цените на храната и намалувајќи го извозот.
ОК го одложува спроведувањето на проверките неколку пати откако ја напушти царинската унија и единствениот пазар на ЕУ во јануари 2021 година, но извозот во Велика Британија се соочи со контроли за производите што одат во спротивна насока.
Подготвено од М.Н.